Од управата на англискиот прволигаш Манчестер јунајтед беше побарано да ги повика своите навивачи да престанат да ја пеат песната за пенисот на Ромелу Лукаку на трибините.
Организацијата „Kick It Out“ се огласи по повод недоличното однесување на навивачите на Јунајтед, кои наводно се однесуваат спротивно на моралните норми.
На натпреварите на Манчестер јунајтед од трибините сезонава се слуша песната посветена на напаѓачот Лукаку и неговиот пенис.
Станува збор за преработка на хитот „Made of Stone“ на легендарниот бенд „Стоун роузес“.
Навивачите на Јунајтед ја преработија песната во знак на поддршка за Лукаку, но организацијата што се побуни вели дека содржината е нерифатлива.
Во песната се пее дека Лукаку е „белгиски генијален голгетер со пенис од 60 сантиметри...“
„Речникот во песната е агресивен, простачки и дискриминаторен. Расистичкото однесување и стереотипите никогаш не биле прифатливи, ни во фудбалот, ни во општеството, без разлика што намерата била да се даде поддршка за фудбалерот“, велат од организацијата „Kick It Out“.