Истражните органи, по налог на германското Обвинителство, денеска влегоа во Deutsche Bank во Франкфурт на Мајна.
Во акцијата се вклучени припадници на Федералната криминалистичка служба, Финансиската полиција и Обвинителството.
Засега не е позната позадината на претресот на канцелариите во Deutsche Bank.
Од Обвинителството соопштија дека се постапува врз основа на наредба на Судот во Франкфурт, додека други детали не може да се дадат поради истрагата што е во тек.
Ниту од Deutsche Bank не се огласуваат со какви било информации за јавноста.