Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, во интервју за британскиот јавен сервис BBC го коментираше обидот за формирање фудбалска Суперлига.
Станува збор за проект во кој сè уште веруваат претседателите на Реал Мадрид, Јувентус и Барселона, но Ал-Хелаифи повеќе не сака да има никаква врска со нивните идеи.
„Го мразам тој термин - Суперлига. Зборуваме за три клуба. Знаат дека немаат шанси. Луѓе умираат во Украина, немаат каде да спијат, а ние се расправаме за Суперлига? Проблемот е што овие клубови немаат визија, немаат долгорочна финансиска стратегија. Флорентино Перез разговараше со мене и му кажав дека не сум заинтересиран ако ми прават работи зад грб“, изјави претседателот на ПСЖ за BBC, додавајќи:
„Знам дека публиката сака да гледа вакви натпревари, судири на големи клубови. Но, сега не можеме да кажеме ‘ти си мал клуб, не може да играш со нас’. Тоа мора да биде отворен систем кој ќе има почит кон за сите“, рече Ал-Келаифи.