Претставен „рускиот Мекдоналдс“ – „Вујко Вања“ има речиси исто лого

Рускиот синџир ресторани „Вујко Вања“, претставуван како замена за американскиот фаст-фуд синџир McDonald’s“, според многумина, има лого исклучително слично на познатиот жолто-црвен знак на американскиот гигант, пренесува британски Independent.

Регистрацијата на трговскиот бренд „Вујко Вања“ (Дядя Ваня) била поднесена до руските власти минатата недела, се наведува. McDonald’s претходно објави дека привремено ги затвора сите 847 свои ресторани во Русија бидејќи светските брендови се соочуваат со притисок од потрошувачите да се спротивстават на инвазијата на Владимир Путин на Украина.

Претседателот на државното Собрание, Вјачеслав Володин, минатата недела објави дека „Вујко Вања“ треба да го замени McDonald’s.

URL

Според властите во Москва, домашните угостителски фирми може да заменат 250 ресторани на McDonald’s во руската престолнина во рок од една година. Се наведува и дека Градскиот совет доделил 500 милиони рубљи (околу 4,36 милиони евра) како субвенција.

Синџирот ресторани McDonald’s во Русија повеќе од 30 години служеше како симбол на „затоплувањето на односите Исток-Запад“ по т.н. „Студена војна“. 

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе