Природен лек против упорна кашлица

Во текот на зимата имаме подолг престој во затворени и загреани простории со сув воздух, а сето тоа придонесува за развој на постојана или упорна кашлица.

Природните лекови за кашлица се одличен начин да се надмине овој проблем. Билките како бел слез, мајчина душица, жалфија, лук, анасон, ѓумбир, ким, ловор и други се идеални за овој период, особено во комбинација со прополис и  мед.

Предноста на природните лекови е што немаат вештачки адитиви, конзерванси и шеќери, а тоа е особено важно за луѓето кои имаат дијабетес.

Сируп за сува кашлица

Сирупот за сува кашлица, направен од лековити билки, се покажа како добар лек. Посебно поволно делува на слузокожата кога е иритирана, а дополнително ја забавува сувата кашлица. Сирупот создава еден вид природен штит, а несакани ефекти речиси и да нема, освен доколку сте алергични на некое од  растенијата тогаш може да имате проблеми. Затоа бидете внимателни.

Сируп за сува кашлица од ловор и жалфија

Потребни состојки:

  • 3 суви листови од ловор (ситно мелени)
  • 1 лажица сува жалфија
  • 100 грама шеќер
  • вода

Ставете малку вода во сад и додадете го шеќерот, па полека оставете да се карамелизира. Потоа додадете 1,5 дл вода. Во зовриената вода додадете ги жалфијата и ловоровите листови и полека измешајте ги со сирупот. Покријте и тргнете од оган.

Оставете сирупот да се оллади, а потоа процедете го и истурете го во стаклена тегла.

Кашлицата може да ја запрете и со консумирање чај од кромид кој може сами да си го подготвите.

Како се подготвува?

Земете две поголеми главици кромид, заедно со лушпата (освен првата која треба да ја отстраните), исечете ги на четвртинки и прелијте ги со литар вода. Варете на средна температура додека не испари водата. Преостанатата течност исцедете ја и оставете да се олади, а потоа пијте го чајот во мали голтки.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе