Пристигна првиот тизер за „Deadpool 2“
„Deadpool“ минатата година го изненади светот и го држеше врвот на бокс-офисот долго време. Наредната година го очекуваме вториот дел, чиј тизер излезе денеска.
Во тизерот Deadpool (Рајан Рејнолдс) е облечен како Боб Рос и репризира едно од неговите видеа во кои тој црта.
Во главните улоги, покрај Рајан Рејнолдс и Морена Бакарин, се појавуваат уште Ти Џеј Милер, Џош Бролин и Бријана Хилдебранд.