Притвор за 11 членови на криминална група вмешана во криумчарење мигранти

Скопје, 16 февруари 2019 (МИА) – Судија на претходна постапка им одреди притвор на 11 членови на криминална група инволвирана во криумчарење мигранти, а на останатите лица им е одредена мерка на претпазливост, соопшти МВР.

-Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во Сектор за криминалистички истраги, при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции и Регионалните центри за гранични работи „Исток“ и „Југ“, во координација со ОЈО за ГОКК, вчера спроведе координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти кои преку грчко-македонската граница, остваруваат нелегален влез на територија низ Република Северна Македонија, по што од членовите на криминалната група се прифаќаат и превезуваат до Кумановско-липковскиот регион.

Како што соопшти МВР, криминалистичката истрага над организираната 20-члена криминална група со дефинирана структура и строга хиерархиска поставеност се спроведувала од мај 2018 година, како и над еден полициски службеник кој ја помагал криминалната активност на групата.

-ОСОСК до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против вкупно 21 лице, и тоа: Ќ.Н.(32), Ќ.М.(29), И.А.(38), С.М.(31), А.А.(33), Е.Г.(31), М.И.(47), У.М.(33), Ш.Е.(26) М.М.(27), Ј.Д.(42), Е.С. (30), M.E. (23), Е.О. (23), Е.Н.(28), А.М. (29), Џ.Б.(23), И.Р.(27), Љ.М.(42), Х.А.(48) и Љ.Т.(58) поради основано сомнение за сторени кривични дела „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по член 418-в, „криумчарење на мигранти“ по член 418-б од КЗ на Р.Македонија и за „помагање“ во врска со истото кривично дело, се наведува во соопштението од МВР.

Лицата Ќ.Н., Ќ.М. и И.А. заедно со организаторите задолжени за прифаќање и превезување на илегалните мигранти С.М. и А.А., со умисла и од користољубие, а со цел стекнување на противправна имотна и материјална корист, организирале криминална група во Република Македонија, која од средината на 2018 година досега, организирале криумчарење на лица илегални мигранти кои на територијата на Република Северна Македонија биле пренесувани илегално од Грција преку т.н. „зелена граница“ во околината на Дојран и Гевгелија.

Оттаму, како што велат од МВР, со помош на водичи мигрантите биле носени на претходно договорени локации, од каде се вршело нивно прифаќање од страна на лицата членови на групата со товарни и со патнички моторни возила. Илегалните мигранти биле превезувани до Кумановско-липковскиот регион, односно во селата Ваксинце и Лојане, каде биле времено сместувани и засолнувани во објекти на соработниците на криминалната група, а потоа криумчарени преку македонско-српската граница. Најголем број од лицата илегални мигранти кои биле криумчарени од страна на групата биле по потекло од Aвганистан, Пакистан, Ирак, Бангладеш и други земји од Блискиот и Далечниот Исток, кои претходно престојувале на територијата на Грција.

Организираната криминална група, при реализирање на криумчарењето на илегалните мигранти, користела и повеќе други лица во својство на помагачи и соработници на криминалната група. Лицето С.М. остварувало контакти и средби со полициски службеник, со цел добивање на известувања за поставеноста на полициски патроли, контроли или заседи, како и информации за тоа дали криминалната група е предмет на истрага во МВР и насоки како да го прикријат нивното криминално делување.

Во соопштението од МВР е наведено дека се извршени претреси во 20 објекти во Скопје, Штип, Радовиш и Струмица, по што лишени од слобода беа вкупно 16 лица, а еден е на издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 418-д. При претресите пронајдени и привремено одземени се 12 патнички моторни возила, 46 мобилни телефонски апарати, 36 сим картички, 17 држачи за сим картички, бела прашкаста материја, марихуана, пиштол кал.9 мм, воздушна пушка кал.4,5 мм ЦЗ, 112 куршуми, 5770 евра, 197.000 денари, 105 американски долари, 100 швајцарски франци во различни апоени, нотеси со телефони и податоци за лица, документи за патување во Грција и други документи.

-Пријавените се изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна е одредена мерка притвор на 11 од кривичнопријавените лица и тоа на Ќ.Н., Ќ.М., И.А., Е.Г., Х.А., Е.Н., Љ.М., А.М., Ш.Е.,М.Е. и Е.О.. На останатите им е одредена мерка на претпазливост, се наведува во соопштението од МВР.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Хроника

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Read more

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Read more

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Read more
 

Вести

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Читај повеќе

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе