Притвор за скопјанец, физички ја нападнал поранешната вонбрачна сопруга

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за семејно насилство, нанесување телесна повреда и неизвршување на судска одлука.

Осомничениот, на 26 мај, веднаш по судската расправа и објава на пресуда против него за семејно насилство во Основниот кривичен суд Скопје, физички повторно ја нападнал неговата поранешна вонбрачна сопруга. И покрај тоа што со претходно правосилно судско решение му биле изречени мерки за забрана за приближување на оштетената, тој ја пресретнал на паркинг простор во близина на Судот, започнал да ја влече за рацете, ја фатил за вратот и започнал да ја дави, нанесувајќи и видливи повреди. Потоа ја навредувал и и се заканил дека со себе носи нож, со што ја присилил да влезе во нејзиниот автомобил, соопшти Јавно обвинителство на Република Северна Македонија.

Оштетената, исплашена и испаничена во тој момент, влегла во автомобилот, а осомничениот веднаш по неа влегол и седнал на задните седишта. Тој наредил да го стартува автомобилот и да вози кон неговото живеалиште, заканувајќи и се дека таму ќе ја силува. Ги зел нејзините мобилни телефони и нејзината чанта, за оштетената да не повика полиција, па ја влечел за косата, упатувајќи закани по нејзиниот живот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на можност за бегство, како и опасност тој да го повтори кривичното дело или да го изврши кривичното дело со кое се заканува.

Судијата го прифати предлогот на обвинителот и на осомничениот му определи притвор, се вели во соопштението од ЈОРСМ.​

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Хроника

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Read more

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе