Проблеми во врска: Како да се расправате подобро?

Сите двојки одвреме-навреме се соочуваат со проблеми и тоа е сосема нормално. Дури и се смета дека е здраво во врската повремено да се јавуваат несогласувања, но многу е важно да не се игнорираат проблемите, туку да се решаваат.

Познатиот терапевт Џон Готман ги идзвојува овие четири најчести грешки при расправање со партнерот и нуди решенија како да се подобрите во расправањето.

Напад

Кога се расправате со партнерот, наместо да ги формулирате речениците со „јас“, најчесто ги користите агресивните изјави со „ти“, односно оние како „ти секогаш...“ и „ти никогаш...“. Тоа е класично критикување.

Наместо тоа, Готман советува да ги преформулирате своите изјави, за да не мора другиот да се „брани“ по секоја ваша реченица и така дискусијата излегува од контрола.

Престанете да го критикувате партнерот и користете помек и потопол тон кога се обраќате. Почнете ја изјавата со „Се чувствувам повредено“ наместо „Ти ме повреди“. Исто така можете да ги користите „Загрижен/а сум поради...“ или „Сметам дека...“

Одбрана

Кога се чувствувате дека партнерот ве напаѓа, ви се чини дека немате друг избор освен да се браните како одговор на тоа.

Сепак, Готман советува да престанете да се браните и да преземете одговорност за своето однесување.

„Тоа навистина беше непромислено, не требаше да се однесувам така/да го направат тоа“, „Ајде да се обидеме да најдеме заеднички јазик“ или „Ајде да се обидеме одново“ се многу подобри појдовни точки за решавање на напнатата ситуација од „Ти не знаеш“, „Ти не ме разбираш“...

Презир

Презирот се јавува откако веќе е установено однесувањето на напад и одбрана. Многу е важно во врската да бидете рамноправни за да ви напредува односот.

Но ако едниот партнер постојано се однесува така (напаѓа, се брани  или и двете), со тек на време кај другиот ќе се јави презир.

 

Советот на познатиот терапевт е да научите да се цените еден со друг. За промена, пред да почнете да фрлате „отровни стрели“, почнете го разговорот со тоа што ќе му кажете на другиот дека сте среќни што го имате во животот, дека сакате да го решите проблемот за да имате подобра иднина, дека се расправате за „вас“, не за да има победник во расправијата.

Едноставно, бидејќи се сакате.

Кулирање

Ако вашите расправии често се сведуваат на напад и одбрана, не бидете изненадени ако со тек на време „отрпнете“ на расправањето и почнувате да одолговлекувате, односно да се повлекувате.

Под кулирање се подразбира она кога среде расправија просто замолчувате и се повлекувате, другиот останува емотивно изолиран, а расправијата останува да виси во воздухот.

Готман советува да примените методи за смирување, да предложите „тајм-аут“ за да може свесно да се фокусирате и да ги најдете соодветните зборови. Можеби ви доаѓа чувство на бес, беспомошност, можеби ви се плаче...

Во секој случај, направете го повлекувањето со ставање до знаење на партнерот дека ви треба време да се приберете. Откако ќе се смирите, продолжете со цивилизиран разговор.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе