Продолжија протестите – за петок најавени плановите

По неколкудневна пауза поради велигденските празници, продолжија протестите на т.н. граѓанска иницијатива „За заедничка Македонија“.

И овој пат учесниците ги повикаа граѓаните на масовен протест „за да го одбранат Уставот и да не дозволат избор на претседател на Собрание кој под перница ја чува Тиранската платформа“.

Со транспаренти „Петок е денот“, најавија дека на крајот на работната недела ќе ги соопштат плановите за наредниот период. Во соопштението објавено на нивната официјална страница на социјалната мрежа Facebook тие се осврнаа и на посетата на Карл Билд .

„Денес во земјава има уште еден лажен пророк кој мисли дека може да дојде на неколку часа во земјата и да витка кичми и раце. Должност ни е да го пречекаме домаќински и да му кажеме што мислиме за таквите политичари кои нè нарекуваат Славомакедонци, и уште се толку дрски да доаѓаат тука и да сеат магла дека биле загрижени за нас. Некој кој нe сака да ни го каже ниту името и не ја осудува Тиранската платформа, нема што да бара и нуди во нашата држава“, стои во објавениот пост.

На протестот се величеше одбивањето од страна на претседателот Ѓорге Иванов да остане на цврстиот став и да не го прими шведскиот дипломат, кој, пак, претходно возврати дека е „среќен“ што го одбил, бидејќи имал многу средби со релевантни лидери. На протестот зборуваше и Елена Мисиркова која порача дека Македонија е во опасност и ги повика сите националности и малцинства да се приклучат. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе