Профитот на Facebook расте и покрај скандалот со Cambridge Analytica

Кварталниот профит на Facebook порасна за 50% и покрај скандалот со злоупотреба на приватните податоци на корисниците. Ова се први резултати кои социјалната мрежа ги објави откако се случи скандалот.

Facebook соопшти дека приходот на компанијата во првите три месеци од оваа година пораснал на 11,9 милијарди долари, во споредба со претходниот квартал, кога изнесуваше 8 милијарди долари.

„И покрај тоа што се соочуваме со големи предизвици, нашата заедница и бизнис забележаа моќен почеток на 2018 година. Компанијата и понатаму ја анализира нашата одговорност“, изјави основачот и директор на Facebook, Марк Закерберг.

Од Facebook објавија дека приходот од огласување пораснал на 11,7 милијарди долари во трите почетни месеци од годината заклучно со март, додека приходот во истиот период минатата година изнесуваше 7,8 милијарди долари.

Facebook во март оваа година се најде во средината на голем скандал кој се однесуваше на приватните податоци на корисниците на оваа мрежа во кој беше вмешана и политичката консултантска компанија Cambridge Analytica. Од Facebook признаа дека споделиле приватни податоци на 87 милиони корисници со споменатата компанија.

Просечниот број на активни дневни корисници на Facebook во март се зголеми на 1,45 милијарди, а тоа значи зголемување од 13% во однос на истиот период минатата година. Просечниот број на месечни корисници исто така се зголеми во март за 13% и сега изнесува 2,2 милијарди. Зголемен е и бројот на вработени за дури 48% и сега Facebook на платниот список има 27.742 луѓе.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе