Прогласени победничките во изборот Жена на годината 2019

Скопје, 21 ноември 2019 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска беше прогласена за „Жена на годината 2019“ во рамки на првиот македонски избор, како дел од конференцијата „200 жени претприемачки“.

Во онлајн номинирањето учествуваа 569 луѓе, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории за кои потоа гласаше 10-члено жири составено од претставници на медиуми, компании и стопански комори.

Покрај, министерката Царовска, признанија добија и Ангелка Пеева Лаурениќ од „Имиџ ПР“ и Движењето за поддршка на креативноста “Браво Сине” во категоријата „Жена со трајни вредности”, Даниела Колиќ Димовска од „ЛИСЦА“ во категоријата „Жена со најдобар стил“ и Лила Филиповска од ТВ Сител во категоријата  „Инфлуенсерка на годината“.

Викторија Механџиска од „Зегин“ е прогласена за „Жена менаџер на годината“, Сања Лукаревска од УЈП за „Млада жена менаџер на годината”, а британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј за „Странец жена менаџер на годината”.

Режисерката на филмот „Медена Земја“, Тамара Котевска го доби признанието за „Жена со најголеми достигнувања во културата”, ракометарката Сара Ристовска за „Жена со најголеми достигнувања во спортот”, а Кристина Арнаудова од „Проект Среќа“ за „Жена со најголеми достигнувања за општеството”.

Посебна награда од организаторите, за регионален бизнис-нетворкинг проект, и беше доделена на Кристина Ерцеговиќ од Хрватска.

Целта на изборот е да им се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати.

Организатори на манифестацијата „Жена на годината” се „Маркетинг365“ и „Касиа Евентс“, поддржувач на изборот беше Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), а главен покровител беше „Пивара Скопје“.

реклама

Маск: Пирамидите во Египет се изградени од вонземјани

Read more

За јавните личности и приватните газиња

Read more

СЗО: Во моментов нема конечно решение за коронавирусот, а можеби нема ни да има

Read more

Задолжителен Ковид тест за тие што се враќаат во Германија

Read more

Живот

Туристичките места пливаат во отпад: Каде да се впери прстот?

Read more

Промени кои може да ги направите уште денеска за позелена иднина

Read more

Четири прашања кои треба да си ги одговорите пред да го смените работното место

Read more

Што значи жолта алертна фаза?

Read more

Магазин

  • filter

Туристичките места пливаат во отпад: Каде да се впери прстот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Четири рецепти за мезиња со јајца

Читај повеќе
  • filter

Промени кои може да ги направите уште денеска за позелена иднина

Читај повеќе
  • play_arrow

Ретро разладување: Зошто треба да си купите фрижидер?

Читај повеќе
  • play_arrow

Тепачка во авион: Патници уапсени откако пијани одбивале да носат маски

Читај повеќе

Филипче: Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

Читај повеќе

Рецепт на денот: Чизкејк во чаша

Читај повеќе

Маск: Пирамидите во Египет се изградени од вонземјани

Читај повеќе

Идеја за ручек: Пилешко во сос со печурки

Читај повеќе