Пронајден потенцијален противотров за најотровната печурка во светот

Научниците веруваат дека пронашле потенцијален противотров на моќниот отров кој се наоѓа во најотровната печурка во светот, позната како зелена пупавка.

Печурката зелена пупавка, со латинско име Amanita phalloides, е одговорна за околу 90% од смртните случаи поврзани со печурки ширум светот. Оваа печурка е распространета и во Македонија.

Нејзиниот главен отров е пептид наречен α-Аманитин, вид на аматоксин кој предизвикува откажување на црниот дроб и бубрезите.

Кинеските и австралиските истражувачи открија дека индоцијанин зелена, боја што моментално е одобрена во САД за употреба во медицинските снимки, изгледа дека ги блокира токсичните ефекти на α-Аманитинот.

Индоцијанин зелена е органско соединение кое се врзува за протеините во клетките на ракот.

Авторот на студијата, професорот Чиаопин Ван од Универзитетот Сун Јат-Сен во Гуанжу, Кина, рече дека претходно немало специфичен противотров за зелената пупавка, бидејќи знаеме малку за тоа како токсините на печурката ги убиваат клетките.

Во тестовите на глувци, како и на човечки клеточни линии во лабораторија, научниците открија дека индоцијанин зелена може да спречи оштетување на црниот дроб и бубрезите предизвикани од α-Аманитин. Исто така, ја подобрил веројатноста за преживување по труење.

„Иако резултатите се ветувачки, потребни се дополнителни клинички експерименти за да се утврди дали индоцијанин зелена има сличен ефект кај луѓето“, рече Ван, пренесува The Guardian.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе