Прошетка низ Хогвортс: Места каде се снимаа сцени од училиштето за магии

Неколку локации беа искористени за снимање на сцените што се случуваат во измисленото училиште Хогвортс од франшизата филмови за момчето кое преживеа - Хари Потер. Овие локации се отворени за туристичка посета.

Сите кои го сакаат светот на имагинацијата и фантазијата знаат за Хогвортс, училиштето за волшебници и вештерки од популарните „Harry Potter“ филмови. Има астрономски кули и зандани во кои се сместени училници и спални, трпезарија со спектакуларен таван и буварник. Но, дали некогаш сте се запрашале дали постои таков замок?

Одговорот е и да и не. Пред сè, затоа што замокот Хогвортс каков што го знаеме од книгите, филмовите и игрите е целосно фикција. Сепак, некои делови од зданието што можете да ги видите во филмот постојат и во реалноста, и тоа не е само еден - ги има неколку. Затоа, сега можете да зачекорите во магичниот свет со нас.

1. Замокот Алнвик во Нортамберленд

Овој замок најмногу се користел за снимање на првиот и вториот дел од филмот за Хари Потер. Карактеристично за него е тоа што никој не знае кога е изграден, иако повеќето историчари се согласуваат дека постоел за време на ерата на Норманите. Некаде на почетокот на XIV век го купил Хенри Перси, а интересно е што сè уште е во сопственост на неговите потомци.

До Алнвик е најлесно да се стигне од Единбург, а она по што е најдобро познат меѓу обожавателите на Хари Потер е тоа што во него се одржуваат часови по летање.

2. Колеџот Крајстчрч во Оксфорд

Долгите дрвени маси на кои постојано се надополнува храната и величествениот и магичен таван горе - да, тоа е Големата сала. Во првите два филма за Хари Потер, колеџот Крајстчрч во Оксфорд се користеше за снимање на сцените што се случуваа во Големата сала и скалите што водат до неа.

3. Железничка станица Готланд

Речиси и да нема дете во последниве 20 години кое не сонувало да добие писмо откако ќе наполни 11 години и да отиде на платформата 9¾, од каде што оди со воз до училиштете за вештерки и волшебници. Возот што може да се види во филмовите постои и сообраќа во Шкотска и е наречен Jacobite Express. Но, станицата во Хогвортс, всушност селото Хогсмид, е всушност железничката станица Готланд, која можете сами да ја посетите сосема лесно бидејќи се наоѓа во срцето на Националниот парк Јорк Мурс, познат по своите нереални пејзажи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Emily McHardy (@emilyapfel)

Следна станица - Забранетата шума.

4. Библиотека Бодлиан

Веројатно повеќето од старите библиотеки наликуваат на оние што можете да ги видите во филмовите за Хари Потер, но каде е вистинската? Одговорот е - Оксфорд, а отворена е и за посетители. Тоа е најстарата читална на гореспоменатиот универзитет по име Дјук Хемфри во библиотеката Бодлиан, која датира од XV век.

5. Училници

Опатијата Лакок служеше како училница на професорот Снејп во првиот дел. Подоцна била реконструирана и пренесена во студиото кое се користело за снимање на останатите делови.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Judy Martin (@judy.martin46)

Додека катедралата Дурам се користеше за снимање на сцените што се случуваат во училницата за преобразување на строгата и секогаш праведна професорка МекГонагал.

Сцената во која Хермајни му објаснува на Рон дека не е левиоСААААА, туку левиОса во училницата за магии сега е веќе култна, а настанала внатре во ѕидините на училиштето Хароу, кое се наоѓа во Мидлсекс. А она што е интересно во врска со него е тоа што дабовите ѕидови на оваа училница ги зачувуваат потписите на поранешните ученици - вклучително и некои што можеби ги знаете, како Винстон Черчил.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Isabelle (@isa_bonnie01)

Позната по своите неверодостојни пророштва - барем за повеќето - професорката Трилејни живееше и држеше предавања во една од кулите на замокот. А за да се дојде до неа, треба да се качи по едни од многуте кривулести скали на Хогвортс. Затоа, режисерите на серијата ги избраа скалите што најдобро одговараат на описот и се наоѓаат во една од кулите на катедралата Сент Пол во Лондон.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе