Проститутките се вратија на работа во некои делови на Германија

Додека голем број сексуални работнички и работници во голем дел од Германија сè уште чекаат да се отворат борделите, проститутките во сојузните покраини Саксонија-Анхалт и Шлезвиг-Холштајн смеат од денеска да примат клиенти.

„За почеток, добро е што има покраини што нè вклучија во нивните планови за попуштање на мерките. Но, таа радост не треба да го прикрива фактот дека има покраини кои се бескомпромисни во однос на затворањата“, рече Јохана Вебер од Професионалното здружение за еротски и сексуални услуги.

Особено во Мекленбург-Западна Померанија, Баден-Виртемберг, Сар, Хамбург и Баварија, сè уште не е на повидок нов почеток, рече претставникот на здружението, додавајќи дека сè уште е потребен притисок врз властите во тие покраини.

Оваа индустрија, како и многу други, престана со работа во ноември. Во провинциите Хесен и Мекленбург-Западна Померанија, борделите мораа да затворат уште во март 2020 година.

Читајте повеќе>>> Отворени борделите во Берлин: Нема секс, само еротска масажа

Прекинот предизвикан од пандемијата доведе до егзистенцијални потешкотии за многу сексуални работници во земјата, при што некои се оддадоа на нелегално нудење услуги, рече претставник на професионалното здружение, истакнувајќи дека многу сексуални работници имале проблеми, на пример затоа што немале постојано живеалиште.

Другите добија помош наменета за коронавирус или надоместоци за невработеност.

Според Професионалното здружение за еротски и сексуални услуги, околу 40.000 мажи и жени се регистрирани како проститутки во Германија. Вебер претпоставува дека многу повеќе од нив работат без таканаречена картичка за заштита од проституција затоа што се плашат од професионални и приватни проблеми.

Во среда, кога е и Меѓународен ден на даватели на сексуални односи, вниманието кон состојбата на проститутките ќе се привлече главно преку онлајн настани.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе