Отворени борделите во Берлин: Нема секс, само еротска масажа

Германските власти им дозволија на борделите во Берлин да ги отворат вратите за клиенти, по неколкумесечен прекин на работата предизвикан од пандемијата со коронавирус.

Но, уште не се дозволени сексуални услуги. Клиентите ќе мора да се задоволат со еротски масажи, барем до почетокот на септември.

Со ваквата одлука не се задоволни ни сексуалните работнички.

„И јас и моите клиенти сакаме целосна услуга“, вели една 49-годишна сексуална работничка со долгогодишно искуство.

Сексуалните услуги беа забранети во Берлин од средината на март, како дел од напорите да се спречи ширењето на коронавирусот.

Во јули неколку сексуални работнички „наоружани“ со кукли на надувување протестираа пред Парламентот во Берлин, жалејќи се дека наметнатите рестрикции ги спречуваат да заработат за живот и со тоа ризикуваат повторно да се разгори работата „на црно“.

Проституцијата во Германија е легална и тамошните 40.000 регистрирани сексуални работници и работнички имаат право на договор, загарантирана плата, како и здравствено и социјално осигурување.

Аурел Јоханес Маркс, директор на еден бордел во Берлин, вели дека поради неколкумесечниот прекин на работата загубите му се шестцифрени, а сега мора и дополнително да вложува за да може неговата установа да ги исполни пропишаните мерки и протоколи.

Секој посетител мора да пополни формулар со лични податоци и контакти, а исто така задолжително е и носењето заштитна маска, „како да се бензинска пумпа или во супермаркет“, вели Маркс.

„Поголемиот дел од клиентите немаат проблеми со тоа, но она што не функционира добро е фактот дека многумина од тие што доаѓаат тука очекуваат да добијат секс“, вели тој.

Сексот ќе биде дел од понудата најрано на 1 септември и тоа под строги хигиенски мерки.

Една „ветеранка“ во овој бизнис вели дека не е загрижена дека ќе се зарази со коронавирусот.

„Кога го работите ова 20 години, имате редовни муштерии. Можете да бирате кого ќе примите во својата соба. Ако некој не ви се допаѓа – покажете му ја вратата. Воопшто не сум исплашена, туку сум среќна што конечно ќе можеме пак да работиме“, вели таа.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе