„Протече“ името на добитникот на Златната топка

Иако повеќе не игра фудбал на врвно ниво по заминувањето во американската МЛС, Лионел Меси ќе ја добие Златната топка за 2023 година, пренесуваат медиумите ширум светот повикувајќи се на Story на Instagram објавено од неговиот семеен пријател Алесандро Досети.

„Официјално е. Лео ја освои Златната топка во 2023 година. Осмата Златна топка мора да биде последна. Му беше кажано денес“, напиша Досети. Доколку неговата објава се покаже како вистинита, Аргентинецот дополнително ќе го подобри својот рекорд пред Кристијано Роналдо, кој освои пет.

URL

Меси ја заслужи наградата благодарение на освојувањето на првата титула светски шампион во декември минатата година во Катар, каде што ја освои и титулата најдобар играч со седум гола и три асистенции. За ПСЖ на 41 настап учествуваше во исто толку голови - лично постигна 21 и асистираше за уште 20. За Интер Мајами на 13 натпревари постигна 11 гола со пет асистенции.

Негов најголем конкурент за наградата е Ерлинг Холанд, кој беше уште посмртоносен во дресот на Манчестер Сити со 52 гола и девет асистенции на 53 натпревари, освојувајќи ги титулите најдобар стрелец во Премиер лигата и Лигата на шампионите, но не учествуваше на Светското првенство во Катар, каде Норвешка не се пласираше.

реклама

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе