Протест пред МВР: Вината се бара во жртвата на сексуално насилство, а не во насилникот

„Не сме безбедни! И нема да бидеме замолчени!“, порачаа денес пред МВР група активистки и загрижени граѓанки кои излегоа на протестен собир во знак на солидарност со жртвите на сексуално и родово базирано насилство.

„Тука сме да им дадеме поддршка, да знаат дека не се сами во овој процес, но и да ги разбудиме заспаните институции кои премногу често остануваат глуви и неми за овие случаи. Тука сме за да укажеме дека не сме безбедни во јавниот простор, не сме безбедни дома, на улиците, во болниците... Тука сме пред МВР, како прва служба од каде почнува долгиот и често замрсен мултиинституционален лавиринт низ кој поминува жртвата на родово засновано насилство која се окуражила да го пријави насилникот“, рече претставничка на организаторите во повикот до министерот и Министерството за внатрешни работи, револтирани од бранот случаи на родово засновано насилство.

„Последниот случај со пријава на сексуален напад, кој во медиумите стана познат како ‘дивиот таксист кој ѝ избега на полицијата’ по илјадити пат укажа на истите недостатоци на институционална поддршка на жртвите кои пријавуваат родово засновано насилство“, рекоа тие и укажаа дека овој случај е пример за двојната виктимизација на жртвите од страна на полициските службеници. Апелираат дека праксата на поставување на навредливи, сексистички и нерелевантни, прашања жртвите мора да престане, бидејќи на тој начин жртвите се деморализирани и повторно виктимизирани од страна на одговорните државни органи.

„Полициските службеници во станиците се несензибилизирани и нестручни при пријави на родово базирано насилство. Полициските службеници очигледно не можат да проценат што е сексуален напад и телесна повреда па истиот го нарекуваат ‘недолично однесување’. Додека полицијата прави двојна виктимизација и ја одолговлекува постапката уште еден насилник бега од лицето на правдата“, укажаа активистките и нагласија дека кога инсистираат да се пријавува насилството „ги изневеруваат жртвите“, но дека нема да престанат да инсистираат дека итно е потребна сензибилизација на полициските службеници при постапување со жртви на родово засновано и сексуално насилство.

„Жртвите продолжуваат да бидат изложени на дополнителен стрес и исмевање од страна на лицата вработени во полицијата. Полициските службеници вмешани во случајот со дивиот таксист не се исклучок, туку веќе добро познат пример за начинот на функционирање на безбедносните служби и институциите што континуирано и системски ја бараат вината во жртвата, а не во насилникот“, нагласија тие и апелираа директно до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, барајќи одговорност од полициските службеници во ПС Аеродром.

„Неажурноста во МВР ја држи Македонија на листата на земји со брутална политика кон жртвите на родово базирано насилство – наспроти сите формални заложби на земјата во Советот на Европа и Советот за човекови права на УН – дека ќе преземе соодветни реформи во таа насока.

Доколку МВР не ги санкционира полициските службеници, ќе потврди дека како институција ја перпетуира истата култура на насилство и дека нивните заложби се само декларативни како и секогаш до сега кога станувало збор за родово базирано насилство.

Овој случај е еден од многуте во кои видовме како системски и општествено се потфрла кога станува збор за безбедноста и благосостојбата на девојките и жените во земјата“, поентираа активистките и порачаа дека нема да престанат да бараат одговорност од службите, повикувајќи ја јавноста масовно да излезе на протестот по повод 8 Март.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе