Oфицијалниот претставник на партијата Нова српска демократија, Будимир Алексиќ, објави дека во понеделник пред Министерството за образование во Црна Гора ќе одржи протест против дискриминацијата на граѓаните кои зборуваат српски јазик и користат кирилично писмо.
Алексиќ вели дека оние кои на крајот на годината сакаат да ги имаат нивните сертификати печатени на кирилица се соочуваат со проблем.
Наспроти тоа, владата на Црна Гора усвои измени и дополнувањата на Законот за високото образование, со кои основните и магистерски студии за сите студенти на универзитетот во Црна Гора кои се школуваат според реформиран модел ќе бидат бесплатни.
Министерот за образование Дамир Шеховиќ рече дека со усвојувањето на овој предлог-закон се создаваат услови за висок квалитет на образованието во Црна Гора.