Регион

Протести пред македонската амбасада во Тирана

3. март 2017 - 14:29 | Kајгана/Макфакс

Пред македонската амбасада во Тирана, денес се одржани протести против одлуката на претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов за недавање на мандатот за формирање на влада и изречените причини кои според организаторите на протестот се против Албанците, пренесуваат албанските медиуми.

Организаторите на протестите, „Клубот на млади албански патриоти“, даде поддршка на албанските политички партии во Македонија, и притоа беа извикувани паролите: „Немој да се плашите од јазикот на Мајка Тереза“, „Албанци засекогаш“, „Што е убаво што сум Албанец“ и др.

Коментирај