Прв пат објавени фотки во боја на Нептун и Уран, изгледаат поинаку од очекуваното

Нашите идеи за боите на планетите Нептун и Уран се погрешни, според истражувањето предводено од британски астрономи. Сликите од вселенската мисија во 80-тите покажаа дека Нептун е син, а Уран зелен.

Но, студијата покажа дека и двете ледени џиновски планети се со слична нијанса на зеленикаво-сина боја. Излегува дека претходните слики од Нептун биле подобрени за да покажат детали за атмосферата на планетата, која ја променила нејзината вистинска боја.

„Астрономите одамна знаат дека повеќето модерни слики на двете планети не ги рефлектираат точно нивните вистински бои“, изјави професорот Патрик Ирвин од Универзитетот во Оксфорд, кој го предводеше истражувањето.

„Иако вештачки заситената боја беше позната во тоа време меѓу планетарните научници и беа објавени слики со описи кои го објаснуваат тоа, разликата се изгуби со текот на времето“, објасни тој.

Роберт Мејси, заменик-директор на Кралското астрономско друштво (РАС), објасни дека подобрувањето на сликата е нормална постапка во астрономското истражување.

„Би било глупаво да погледнете во астрономска слика и да не мислите дека е подобрена. Тие мора да бидат, затоа што тие се обработени за да се гледаат работите. Не е како да има некој заговор да се скрие од јавноста“, бели Мејси.

Професорот Ирвин и неговиот тим ги обработија оригиналните податоци за да го произведат она што се тврди дека е „најпрецизната претстава досега“ на боите на Нептун и Уран.

Оригиналната заблуда настана бидејќи сликите на двете планети направени од вселенското летало Voyager 2 на НАСА биле во три различни бои.

Сликите биле рекомбинирани за да се создадат сложени слики во боја, кои не секогаш биле точно избалансирани. Контрастот е исто така значително подобрен за да ги открие деталите во облаците, лентите и ветровите на планетите. Во случајот на Нептун, двата процеса го направиле посин отколку што всушност е.

Во една неодамнешна студија, истражувачите користеле податоци од Hubble Space Telescope Imaging Spectrograph и Multi Unit Spectroscopic Explorer на многу големиот телескоп на Европската јужна опсерваторија.

Во двата инструмента секој пиксел е континуиран спектар на бои, што им овозможува на истражувачите да ги репродуцираат вистинските бои на двете планети.

Анализата откри дека Уран и Нептун имаат слични нијанси на зеленикаво-сина боја, иако истражувачите открија мала разлика. Нептун има слаба нијанса на дополнително синило, за кој моделот открива дека се должи на потенкиот слој на магла на планетата.

Студијата исто така покажа дека Уран се појавува малку позелен во текот на летото и зимата, кога еден од неговите полови се насочува кон Сонцето. Но, во текот на пролетта и есента, кога Сонцето е над екваторот, има посина нијанса. Истражувањето е објавено во Monthly Notices of RAS, пишува BBC.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Вести

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе