Прв пат снимен паразит кој го јаде јазикот на домаќинот и се вдомува во устата

„Навистина ништо не можеше да ме подготви за моментот кога ја отворив устата на рибата и го видов овој вонземјанин со сини очи како зјапа во мене“, вели студентот кој случајно уловил риба која имала паразит во устата.

Самата помисла е застрашувачка, но реална: паразит кој го гризе јазикот на својот домаќин, го зазема своето место во устата и останува таму до крајот на својот живот.

Токму едно вакво чудо на природата неодамна откри студент од Јужна Африка. Фотографии од оваа ретка сцена сподели со научната заедница и пошироката јавност.

Дон Марк, 27-годишник од Кејп Таун, ловел риба во близина на Иглениот 'Рт кога на јадицата се закачила риба цупула тешка скоро 3 килограми. Првичната возбуда од добриов уловот наскоро ја заменил шокот кој настанал кога почнал да ја вади јадицата. Од устата на рибата го погледнале, како што опишува, очите на „вонземјанинот“.

Марк, кој всушност студира морска биологија, слушнал за паразити кои се вдомуваат во устата на местото на јазикот, но никогаш не ги видел во природата.

Откако ја испратил фотографијата до професорот Ник Смит, зоолог од Универзитетот Норт-вест, се воодушевил кога открил дека овој вид паразит никогаш порано не бил фотографиран.

„Бидејќи сум морски биолог и ловам риби уште од дете, ова го гледам како мој придонес за подобро разбирање на паразитите кои живеат на или на местото на јазиците од риби и ајкули“, изјави тој за Daily Mail.

„Но, ништо навистина не можеше да ме подготви за моментот кога ја отворив устата на рибата и го видов овој вонземјанин со сини очи како зјапа во мене“.

Паразит кој се закачува за јазикот

Паразитите кои јадат јазици се познати со децении, но само во последниве години започнаа обемни студии за нивниот животен циклус и однесување.

Се верува дека сите видови на паразити кои го јадат јазикот го започнуваат својот живот како мажјаци, пловејќи низ океанот барајчи риби на кои би можеле да се закачат.

Се чини сите видови паразити - досега се идентификувани над 280 - целат кон само еден вид риба.

Откако паразитот ќе ја најде рибата домаќин, минува низ жабрите. Ако друг паразити не е вече сместен во рибата, новиот се сместува во устата, каде што се прикачува на јазикот. Користи преден уред за вшмукување, а се храни со пиење крв. За време на овој процес мажјакот се трансформира во женка, а телото неколкукратно се зголемува заедно со нозете, кои ги користи за да се закачи за рибата. Очите му се намалуваат бидејќи повеќе не му се потребни.

Кога јазикот на рибата на крајот умира и отпаѓа поради недостаток на крв, паразитот се приврзува на коренот на јазикот и ефикасно го заменува.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Чек дис аут

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Read more

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе