Прв поглед во новиот Top Gear
Од 2020 година емисијата Top Gear ќе изгледа целосно поинаку од тоа што досега сме навикнати. Токму завршената 26 сезона беше последна која изгледаше онака како што сме навикнале да ја гледаме, со повремени промени на водители.
Последниот пат, водители беа Мет Лебланк, Крис Харис и Рори Рид. Единствениот кој ќе остане во наредните сезони е Харис. Претходно беше потврдено дека нови водители ќе бидат Педи Мегинис и Ендру Флинтоф.
Од трејлерот ќе погледнете како изгледа новата екипа за новата сезона.