Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Серијата The Penguin за смртниот непријател на Бетмен, Освалд Коблпот, познат како Пингвинот, го доби првиот постпродукциски тизер.

Колин Фарел, кој го играше Пингвинот во филмот The Batman од 2022 година, повторно ја игра улогата на ноторниот негативец. Во тизерот, тој почнува да ја раскажува приказната како се инспирирал од ноторен мафијашки бос кога бил дете, посакувајќи еден ден да ја има таа моќ и слава. Еден корисник на YouTube напиша „Сопранови со Готам шмек“ и тоа е точно атмосферата што ја пренесува тизерот.

Во моментов, точниот датум кога серијата ќе биде достапна за гледање на HBO Max сè уште не е познат, но потврдено е дека тоа ќе биде есенва.

Лорен Лефранк е на чело на многу очекуваната серија, а режисерот на The Batman, Мет Ривс, е извршен продуцент. Приказната за спин-оф серијата продолжува со Коблпот во главната улога, откако во филмот е претставен како главен поручник на Кармajн. Пингвинот го започнува својот подем за да стане еден од најозлогласените криминални господари во Готам.    

Актерската екипа е многу импресивна, а покрај Фарел, кој во тизерот ветува дека ова ќе биде улога како ниедна досега, во серијата се појавуваат и Кармен Ејого и Мајкл Кели. Кристин Милиоти и Мајкл Зеген треба да ги играат Софија и Алберто Фалконе, децата на покојниот Кармајн Фалконе, чии амбиции и лојалност несомнено ќе играат клучна улога во драмата.

Remote video URL
реклама

Словенечка верзија на слоевита штрудла со ореви

Read more

Ескорт дама открива што велат ултрабогатите зад затворени врати во Давос

Read more

Лазаров: Мора да е скриена камера кога никој не нè критикува

Read more

Малуда направи тотален пресврт, стана војник

Read more

Филм & ТВ

Дејвид Швимер фотографиран на романтична вечера со 29 години помлада студентка

Read more

Зендаја, Сиднеј Свини и Аријана Гранде се изборите за римејкот на комедијата 9 to 5

Read more

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Read more

Деми Мур објасни како всушност се изговара нејзиното име

Read more
 

Сцена

  • filter

25 јануари 1981, се родил Тоше Проески

Читај повеќе

Дејвид Швимер фотографиран на романтична вечера со 29 години помлада студентка

Читај повеќе

Стинг ги откажа настапите поради здравствени проблеми: Искрено ми е жал

Читај повеќе
  • play_arrow

Зендаја, Сиднеј Свини и Аријана Гранде се изборите за римејкот на комедијата 9 to 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Почина Џон Сајкс, гитаристот на Whitesnake и Thin Lizzy

Читај повеќе

Никол Шерзингер отпатува на Хаваи, позираше во бикини и покажа завидна фигура

Читај повеќе
  • play_arrow

Канје Вест објави видео од Памела Андерсон како гола му носи торта на Хју Хефнер

Читај повеќе
  • play_arrow

Деми Мур објасни како всушност се изговара нејзиното име

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix има нов хит: Шведската серија The Breakthrough ќе ве закова за фотелја

Читај повеќе