Прв трејлер за „Spider-Man: Far From Home“
Во оваа година нѐ очекуваат неколку големи филмови со суперхерои, а еден од најочекуваните е „Spider-Man: Far From Home“. Sony денеска го претстави премиерниот трејлер за овој филм.
Питер Паркер се враќа на авантурите во новото продолжение од франшизата „Spider-Man“, но овојпат е многу, многу далеку од дома. Наместо на екскурзија во Европа заедно со децата од неговата генерација, Питер го сретнува Ник Фјури, кој има посебна задача за него.
Премиерата на „Spider-Man: Far From Home“ е закажана за 5 јули 2019 година.