Првиот број на списанието „Стремеж“ за годинава објавен во Прилеп

Со нови содржини, во Прилеп од печат излезе првиот број за годинава на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“.

Во рубриката „Проза“ читателите може да ги прочитаат расказите од Митко Маџунков, Иво Митев, Катерина Данаилова, Билјана Ѓонеска, Ивана Трајаноска и Драгана Евтимова., а во рубриката „Поезија„ се објавени нови песни од Зоран Анчевски, Светлана Босилкова Далевска, Сузана Ѓорѓиевска, Никола Маџиров, Владимир Мартиновски, Цеца Видова-Трајческа и Тања Кузманоска.

Списанието „Стремеж“ во овој прв годинашен број ја промовира поезијата на младата македонска авторка Марија Саревска, а во делот за препеви и преводи се објавени песни од кинескиот поет Ван Јин, препеани од англиски јазик од Македонка Божиновска, потоа поезијата од данскиот поет Клаус Анкерсен, според препевот на Звонко Танески, како и песни од поетот Петар Матовиќ препеани на македонски од Никола Маџиров.

Списанието објавува и критики, есеи и студии. Васил Тоциновски пишува за романот „Сивиот плоштад“ на Сашо Огненовски, објавена е промотивната реч на Катица Ќулавкова по повод збирката раскази „Приказни за краткоста – раска(з)(ж)и за своја душа на Габриела Стојаноска-Станоеска, потоа беседата за Рацин „Слово и глина“ на Венко Андоновски и есејот на Габриела Стојаноска-Станоеска за новата збирка поезија „Уплавната вода, тагата“ на Сузана Ѓорѓиевска.

Во рубриката „In memoriam“ е објавена био-библиографијата на еминентната авторка и преведувачка од руски јазик – Тања Урошевиќ (1936-2020), извадокот „Мирисаа багремите, цветаа тополите“ од нејзиниот необјавен роман „Еден сив мартовски ден“,  како и освртот на Кица Колбе „Крајот на сезоната – последната новела на Тања Урошевиќ“. Во рубриката „Театар“ е објавен текстот на Каролина Мицевска „Промотор на домашното драмско творештво“ по повод 70 години Театар „Војдан Чернодрински“.

Списанието „Стремеж“ го издава прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ со поддршка од Министерството за култура.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Култура

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе