Првиот самит Бајден-Путин планирано е да трае четири до пет часа, без храна

МИА/КАЈГАНА
/ 16.06.2021 / 08:09

Женева, 16 јуни 2021 (МИА) –  Првата тет-а-тет средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден по стапувањето на функцијата и неговиот руски колега Владимир Путин може да трае четири до пет часа, па и повеќе, а меѓу темите за кои ќе се разговара се контролата на оружјето, кибер нападите и мешањето во изборите.

Меѓутоа, на средбата нема да има заеднички ручек, а рускиот и американскиот претседател ќе одржат и одделни прес-конференции, што е знак на затегнатите меѓусебни односи.

-Нема да има кршење леб, им соопшти на новинарите висок американски функционер додека Бајден слетуваше во Женева на разговорите што денеска треба да почнат околу 13 часот во вилата „Ла Гранж“, елегантна сива палата опкружена со парк од 30 хектари, изградена во 18-от век.

Remote video URL

Путин на самитот пристигнува прв, а тој и Бајден прво ќе се сретнат со швајцарскиот претседател Гај Пармелин. Потоа, рускиот и американскиот претседател ќе разговараат во библиотеката каде се чуваат стари книги на кинески, француски, персиски и турски јазик.

Меѓу илјадниците книги во вилата е и книгата на Чарлс Пикет де Рошемонт, дипломат кој ја подготви Швајцарската декларација за трајна неутралност – дополнителната причина за изборот на Женева како место за одржување на самитот.

Remote video URL

Со Бајден на средбата ќе присуствува и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, додека Путин ќе го придружува шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Самитот во мирниот швајцарски град ќе го обезбедуваат меѓу 3.000 и 3.500 полицајци.

реклама

Шоферски дилеми: Дали смеете да прескокнувате брзини?

Read more

Никој не сака да работи како сточар, иако платите се и до 50.000 денари

Read more

Зошто Германците ќе ги климатизираат патиштата?

Read more

За ова гледаме Олимпијада: Со договор, две злата за скок во височина

Read more

Свет

Разликите во вакцинацијата во Европа се културен проблем, вели словенечки имунолог

Read more

Европа врие против КОВИД мерките: Дали ќе стигне до степен на радикализација?

Read more

Уапсен осомничен за подметнување на пожарите во Турција

Read more

Нови КОВИД правила за влез во Германија

Read more
 

Вести

Разликите во вакцинацијата во Европа се културен проблем, вели словенечки имунолог

Читај повеќе

Пендаровски: Eднаш добиена, слободата мора да се одржува преку посветена работа на секоја нова генерација

Читај повеќе

Доларот стагнира, цените на нафтата паѓаат

Читај повеќе
  • play_arrow

Европа врие против КОВИД мерките: Дали ќе стигне до степен на радикализација?

Читај повеќе

Пораката на Крушевскиот манифест е подеднакво моќна денес како и во 1903

Читај повеќе
  • filter

2 август 1903, почнало Илинденското востание

Читај повеќе

Никој не сака да работи како сточар, иако платите се и до 50.000 денари

Читај повеќе

72 новозаболени од COVID -19, притисок во болниците засега нема

Читај повеќе

Почината жена најдена во куќа во Волково каде настанал пожар

Читај повеќе