Првите граѓани на ЕУ ќе бидат вакцинирани пред крајот на годинава

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен најави дека првите граѓани на Европа ќе бидат вакцинирани против COVID-19 пред крајот на декември оваа година.

Во својот говор пред Европскиот парламент, Лајен предупреди дека и покрај тоа што е пронајдена вакцината, не смее да има брзо олеснување на мерките воведени против ширење на вирусот.

„Ситуацијата со пандемијата и натаму е сериозна. Со речиси 3.000 смртни случаи на ден, COVID-19 беше причина број еден за смрт во ЕУ минатата недела. Болниците сè уште се под притисок, знам дека сопствениците на продавници и угостителите сакаат да се укинат ограничувањата, но не смееме да ги повторуваме истите грешки. Премногу брзо и премногу релаксирање ризикува трет бран по Божиќ”, рече Фон дер Лајен.

Таа нагласи дека овој Божиќ во ЕУ ќе биде поинаков, но дека има и добри вести.

– Европската комисија досега обезбеди договори со шест компании. Првите европски граѓани би можеле да бидат вакцинирани пред крајот на декември. Светлото е конечно на крајот на тунелот, рече Фон дер Лајен.

Таа ги повика земјите-членки веднаш да подготват логистика за распоредување на милиони дози вакцини, вклучувајќи милиони шприцеви, ладилници, организација на центри за вакцинација и обука на персоналот. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе