Првите вакцини преку КОВАКС системот ќе дојдат во март

Скопје, 2 февруари 2021 (МИА) – Министерството за здравство информира дека КОВАКС системот преку допис ги соопштил деталите за првата испорака и типот на вакцината која ќе пристигне во нашата земја.

Како што стои во соопштението станува збор за вакцината AstraZeneca, од која првата количина за Северна Македонија е планирано да пристигне во март. Од КОВАКС информираат дека за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35 отсто треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината.

Дополнително, се наведува во соопштението од МЗ, од КОВАКС информираат дека во првиот бран на достава на вакцината Pfizer BNT162b2 се вклучени само 18 учесници, а не се вклучени земјите кои започнале сопствени програми за вакцинација против COVID-19. Од КОВАКС механизмот изјавуваат дека во идните фази на дистрибуција дози на Pfizer вакцината може да бидат вклучени и другите учесници во механизмот.

-Министерството за здравство, потенцира дека системот е целосно подготвен да ги прими количините на вакцините преку КОВАКС механизмот, но истовремено обезбедува вакцини од други производители и преку други механизми, кои Република Северна Македонија треба да ги добие. За таа цел, вчера во Собранието беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства кои се однесуваат на регистрација на вакцините против COVID-19 во земјата, се наведува во соопштението.

Во однос на вакцинирањето, се истакнува, Република Северна Македонија има развиена безбедна и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови каде што ќе се спроведува вакцинацијата. За вакцините за кои што е потребно одржување на стандарден ладен ланец од 2°С до 8°С се користи постојниот логистички систем. За вакцините кои имаат посебен температурен режим на прием, складирање и транспорт на температура пониска од -70°С или -20°С се надогради постојната мрежа со обезбедување соодветни ладилници.

Од Министерството за здравство потенцираат дека системот за вакцинација е целосно подготвен. Според утврдениот Национален план за имунизација на населението, вакцинацијата против COVID-19 ќе се спроведе во три фази. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се на првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. Во оваа фаза, предвидено е да се вакцинираат и следните приоритетни групи: постари возрасни лица со висок ризик да развијат болест, компликации и смртдн исход, дефинирани со ризик врз основа на возраст, лица постари од 70 години.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Read more

Македонија

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Read more

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Read more

Падна дрво во населбата Автокоманда

Read more

Без струја, делови од Зелениково и Чучер Сандево

Read more
 

Вести

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Читај повеќе

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Читај повеќе

Падна дрво во населбата Автокоманда

Читај повеќе

Без струја, делови од Зелениково и Чучер Сандево

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Читај повеќе

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Читај повеќе
  • filter

Голем протест во Шведска: Не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета

Читај повеќе

Симфонија на трајни вредности: концерт на Мизар и Хармосини во Македонска филхармонија

Читај повеќе