Полицијата во Хонгконг соопшти дека го извршила првото апсење откако стапи во сила новиот закон за национална безбедност.
Полицијата соопшти дека е уапсен маж кој го држел знамето за независност на Хонгконг, што е прекршување на новото законско решение што е изгласано во Пекинг, а почна да се применува од вчера, пренесе германската агенција DPA.
„Ова е прво апсење откако законот влезе во сила“, на Twitter соопшти полицијата на Хонгконг.
На сликата што полицијата ја стави на Twitter се гледа како знамето на кое пишува „независност за Хонгконг“ лежи на тротооарот, а покрај него стои маж.
Тој носи маица на која пишува „Ослободете го Хонгконг“, пренесуваат британските медиуми.