ПСЖ договара откуп на Икарди во јануари – трансфер тежок 125 милиони евра

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди (26) одлично игра на позајмица во ПСЖ, па францускиот првак одлучи да го откупи неговиот договор од Интер, пишуваат бројни италијански и француски медиуми, меѓу кои и угледниот весник Gazzetta dello Sport.

Наводно почнати се преговорите меѓу спортскиот директорр на ПСЖ леонардо и сопругата и менаџерка на Аргентинецот, Ванда Нара, околу тоа неговата позајмица уште во јануари да се претвори во трансфер.

Во договорот за позајмица, ПСЖ има право да го откупи Икарди со отштета од 65 милиони евра додека играчот е во Париз, а и самиот претседател на клубот Насер ал Келаифи инсистира Аргентинецот да остане.

На Икарди наводно му се нуди петгодишен договор, финансиски далеку подобар од оној што го има со позајмицата што му носи заработка од 9 милиони евра годишно.

Со трајно префрлање во ПСЖ би добивал 12 милиони евра годишно, што со бонуси би можело да стигне до двојно поголема сума од онаа што го чека ако се врати во Интер (7,5 милиони евра).

Тоа значи дека Французите би му платиле отштета и плата на Икарди од 125 милиони евра.

Сезонава тој одигра 20 натпревари за ПСЖ на кои постигна девет голови и запиша една асистенција.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе