Фудбалерите на францускиот шампион имаа танталови маки на дуелот на домашен терен против Лил, водеа 2:0, па губеа 2:3, за на крај во последните минути со пресврт да стигнат до победа.
Пари Сен-Жермен им се врати на победите по поразот со 3:1 минатото коло од Монако и домашниот од Баерн во Лигата на шампионите откако попладнево триумфираше против Лил. „Светците“ почнаа сигурно и по 17 минути игра имаа водство од 2:0 со головите на Килјан Мбапе и Нејмар.
Гостите од северот се вратија во игра во 24. минута кога Бафоде Диаките намали на 2:1, резултат со кој се замина на пауза.
Само 6 минути по паузата Кристоф Галтје мораше принудно да менува откако Нејмар доживеа навидум страшна повреда откако при еден дуел лошо ја свитка ногата.
Потоа во 58. минута Канаѓанецот Џонатан Давид од пенал израмни на 2:2, а 11 минути подоцна Жонатан Бамба се погрижи за комплетен пресфрт и водство на „Кучињата“ со 2:3.
ПСЖ дури во 87. минута успеа да дојде до израмнувачки погодок влагодарение на Мбапе, а потоа длабоко во судиското надополнување Лео Меси погоди за нов пресврт и победа на ПСЖ од 4:3.
Парижаните сега имаат 57 бодови на првото место, додека Лил остана на 41 и е на 6. место.