НБА 2021/22

Пуштете го Кајри да игра - навивачите на Бруклин се судрија со полицијата

Протестирајќи против рестрикциите за невакцинираните воведени од градот Њујорк, навивачи на Бруклин Нетс се судрија со полицијата пред почетокот на вчерашниот натпревар со Шарлот Хорнетс.

Околу 15 часот по локално време навивачите ги нападнале влезовите на „Барклејс Сентр“ арената извикувајќи „Let Kyrie play“ (пуштете го Кајри да игра) поради тоа што нивната главна ѕвезда Кајри Ирвинг не може да игра на домашните натпревари бидејќи не е вакциниран. На Ирвинг, како и на сите невакцинирани граѓани, му е забранет влезот во арената и во сите затворени јавни простори во Њујорк.

Полицијата и обезбедувањето реагирале навреме недозволувајќи им на навивачите да се пробијат до трибините. Нема пријавени повредени навивачи и полицајци, ниту пак приведени лица.

URL

И покрај инцидентите, натпреварот почна навреме, а Бруклин без Ирвинг загуби со 95:111 од Шарлот. Ирвинг нема настап сезонава за својот тим, иако надвор од Њујорк смее да игра, но Бруклин одлучи да го суспендира поради одбивање да се вакцинира.

Тој е засега најпознатиот кошаркар кој јавно се произнесе против вакцинирањето, иако не рече дека смета дека вакцините не се добри, туку едноставно дека секој треба да има право на свој избор без да му се наметнува нешто. Неиграњето ќе му донесе и огромни финансиски загуби.

Иронично, правилото за влез во затворен простор во Њујорк не важи за гостинските кошаркари.

Во претсезоната Бруклин важеше за еден од претендентите за највисок пласман, но неиграњето на Ирвинг тоа драстично го промени.

„Да се седи овде и да се гледа како нашиот свет се дели на вакцинирани и невакцинирани е едноставно тажно. Создава голема поделба и многу конфузија. Ова што се случува не е нормално... Никој не смее да биде форсиран да прави било што со своето тело“, напиша Ирвинг во една негова објава на Instagram.

реклама

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе