Путин доби „корпа“ од Вашингтон

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Вашингтон ја одбил поканата на Владимир Путин до американскиот претседател Џозеф Бајден за директни разговори.

Рускиот претседател го повика Бајден на видеоповик само еден ден откако неговиот американски колега го нарече „убиец“ и се закани со нов круг санкции против Русија.

Сепак, американската страна го отфрли предлогот на Путин за видеоповик што би се емитувал во живо, објави Sputnik International, пренесувајќи го соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

„Со жалење известуваме дека американската страна не ја прифати поканата на рускиот претседател Владимир Путин, тој и американскиот претседател Бајден да разговараат преку видеоповик на 19 или 22 март и во таа прилика да разгледаат бројни проблеми што ги оптоваруваат односите меѓу двете земји“, се вели во соопштението.

Затоа Москва ваквиот потег на Вашингтон го оцени како „уште една пропуштена можност да стори нешто во областа на подобрување на односите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави“.

„Колку што разбрав, американската страна не е подготвена“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

Заменик-портпаролот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер изјави дека состанокот ќе се одржи кога ќе дојде време.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе