Путин: Русија ќе направи сѐ за да најде компромис

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Москва „ќе направи сé за да најде компромис“ и да стави крај на украинската криза, но дека ќе продолжи да бара од Западот да одговори на главните безбедносни барања на Русија.

„Од наша страна ќе направиме сѐ за да најдеме компромиси кои можат да ги задоволат сите“, рече Путин, додавајќи дека ниту тој, ниту Макрон не сакаат војна меѓу Русија и НАТО, која „нема да има победник“.

„Треба да најдеме решение за да излеземе од оваа ситуација“, рече Путин на заедничката прес-конференција со францускиот колега Емануел Макрон.

Западот ја обвини Москва од крајот на минатата година дека собрала повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница поради потенцијална инвазија, но Русија тоа го негира и бара гаранции за сопствената безбедност. Главните барања на Русија се Украина да не стане членка на НАТО и НАТО да не распоредува офанзивно оружје во близина на руската граница.

Путин рече дека Русија ќе продолжи да бара одговори од Западот за нејзините главни безбедносни барања, иако САД и НАТО ги „заобиколија“ во официјалните одговори испратени до Москва во јануари. И покрај тоа, рускиот претседател вели дека „дијалогот не е завршен“. Тој додаде дека Вашингтон и Брисел отвориле некои прашања за кои може да се разговара, иако тие се споредни во однос на Русија.

Францускиот претседател смета дека дипломатијата ќе даде резултати. „Заедно… Сигурен сум дека ќе постигнеме резултат, дури и ако тоа не е лесно“, рече Макрон.

Францускиот претседател, кој најверојатно повторно ќе се кандидира на претседателските избори во април, се позиционираше како потенцијален посредник.

„Следните неколку дена ќе бидат одлучувачки и ќе бараат интензивни дискусии што ќе ги имаме заедно“, рече Макрон, кој му рече на својот домаќин дека „нема безбедност за Европејците ако нема безбедност за Русија“.

Судирот меѓу украинските сили и проруските сепаратисти поддржани од Москва во источна Украина трае веќе осум години, при што загинаа повеќе од 14.000 луѓе. Вчера Путин ја повика Украина да ги почитува одредбите од мировните договори од Минск од 2014 и 2015 година.

„Што се однесува до договорот од Минск - без разлика дали се актуелни и веројатни или не - верувам дека едноставно нема друга алтернатива“, рече Путин.

Рускиот претседател ги опиша разговорите со неговиот француски колега, кои траеја речиси шест часа, како „корисни и значајни“ и откри дека Макрон изнел неколку „реални“ идеи поврзани со безбедноста.

„Неколку негови идеи, предлози, за кои веројатно е премногу рано да се зборува, мислам дека можат да станат основа за нашите понатамошни заеднички чекори“, рече Путин. Шефовите на Русија и Франција повторно ќе разговараат откако Макрон ќе отпатува за Киев во вторник за да се сретне со раководството на Украина, додаде Путин.

Во Москва, Макрон го пофали украинскиот претседател Володимир Зеленски дека успеал да „одржи ладна глава“ и покрај големиот број руски војници во близина на украинската граница. По посетата на Москва и Киев, Макрон оди во Берлин за да се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе