Тестирањето на сигурноста е прилично досадна работа, бидејќи се состои од постојано повторување на исти работи, па најдобро е да ја работат роботи.
Роботот Mrs. Doorboto на Nissan има прилично досадна работа која ја работи непрекинато со часови, а целиот свој работен век го поминува во отворање и затворање на автомобилски врати.
За отворање и затворање на врата му требаат околу 6 секунди, а ова го повторува 45.000 пати, со што се симулира 10 години користење на автомобил.