Работнички слави 85 години постоење

Фудбалскиот клуб од скопската населба Дебар Маало денеска го прославува јубилејниот 85-ти роденден.

Формиран бил во 1937 година на иницијатива на фудбалскиот вљубеник Дане Крапчев и тоа во дебармаалската меана „Нада“, чиј газда тогаш бил Трајко Георгиевски-Ќорот. Идејата за „клуб на работниците“ се родила уште пролетта истата година низ маалските кафеани.

Револуционерно Дебар Маало

Во периодот меѓу двете светски војни Дебар Маало се истакнало како една од најпознатите револуционерни населби во Скопје. Дебармаалци речиси исклучиво ѝ припаѓале на работничката класа и секојдневно на своја кожа ја чувствувале репресијата на тогашниот српски режим. Со своите напредни револуционерни идеи се истакнувале многу личности кои подоцна ќе останат запишани како херои во историјата на македонскиот народ, а меѓу нив предничел Дане Крапчев кој најмногу се истакнал во формирањето и организацијата на Работнички. Сфаќајќи ја важноста на фудбалот и моќта која тој ја има и увидувајќи го ентузијазмот за оваа игра како и револуционерната свест на младината, Крапчев ја добил идејата за формирање на клуб кој би имал централно место во животот на Дебар Маало и сите случувања (спортски и револуционерни) во тој дел на градот.

Правилата на клубот биле подготвувани неколку месеци. Клучно прашање во тој момент било кои лица ќе се јават како основачи, т.е. кои лица ќе одговараат за исправноста на клубот пред власта. Имено, требало да се предложат лица кои од една страна ќе се борат за интересите на клубот, но пред органите на власта би биле политички чисти. Тоа требало да бидат личности со одреден авторитет, позиција во општеството, сериозни и почитувани, во кои власта би имала доверба. Заради својата револуционерна дејност, Дане Крапчев не смеел да фигурира во официјалните документи на клубот ниту да се наоѓа на било каква клупска позиција. По долгите договарања и широките консултации, како предлагачи биле назначени Александар Танев, Благоја Јовановски и Дамјан Жантев – авторитетни граѓани од Дебар Маало кои ги потпишале правилата на клубот.

Српскиот режим ја забранил црвената боја

Уште пред формирањерто Работнички се соочувал со забрани и сопки. Името Работнички на официјалните документи не смеело да фигурира бидејќи не било српски збор. Затоа, клубот морал да биде регистриран како Раднички. Проблем била и црвената боја на дресови на која инсистирале основачите, а која за српскиот режим значела поттикнување на револуција.

Велешанецот Ацо Танев бил предложен за претседател на клубот заради својата револуционерна дејност, но и политички чиста личност пред власта на тогашната Вардарска Бановина заради која вршел функција во градската општина. Подоцна, првиот претседател на Работнички во една интервју на прашањето што го привлекло кон овој клуб ќе одговори: „Ме привлекоа луѓето. Живеев меѓу нив, во таа сиромашна работничка средина. Луѓето беа добри, посебно младинците. Во таа сиромаштија го сакаа спортот и веќе играа фудбал во некои маалски екипи кои имаа свои имиња. Ги обединивме сите во еден клуб на кого му дадовме име Работнички, односно тогаш Раднички. Името беше класна определба. Кога баравме дозвола на претставниците на власта требаше да им објаснуваме зошто го бараме тоа име и црвената боја. Мене скоро 5 часа ме сослушуваа во Управата. Јас давав аргументи кои ги сметав за убедливи. Власта го прифати името, но црвената боја не. На власта многу добро ѝ беше познато што значи црвената боја за револуционерното движење, дека тоа е познат симбол и заради тоа не ја прифатија и енергично бараа тој став во правилникот во однос на бојата да се измени“.

Членовите на иницијативниот одбор поради ова барање на власта по многу разговори и договарања се договориле да ја предложат црната боја за боја на клубот. Немале избор, морале да тактизираат, неприфаќањето на овој услов можело да го оневозможи основањето на клубот.

Во официјално одобрената боја на дресовите – црна, екипата ги одиграла само двата квалификациски натпревари, за потоа дресовите да бидат заменети со традиционалните црвени кои Работнички ги носи до ден денес. На натпреварот во Тетово со Љуботен во 1938 година полицијата барала играчите да настапат во дресовите кои се предвидени со правилникот бидејќи во спротивно воопшто немало да може да настапат. Играчите и управата ја надмудриле полицијата излегувајќи на теренот во темноцрвени дресови. Знаејќи го ова, навивачите при влегувањето на играчите на теренот и во текот на целиот натпревар екипата ја поздравувале со скандирање „црвени, црвени“.

Имињата на активистите полицијата на Вардарската Бановина долго и детално ги проверувала. Дебармаалци и тука ја надиграле полицијата одбирајќи личности кои не биле компромитирани, а во исто време биле револуционерни дејци. Љубо Ѓурашковиќ, Александар Санде Мицковски, Борис Мисајловски, Киро Ангеловски-Шапкарот, како и синовите на Трајко Георгиевски-Ќорот: Димко Георгиевски и Никола Георгиевски биле првите активисти на новоформираниот Работнички, а кафеаната „Нада“ долго време била економат и соблекувална на клубот.

После сите неволји, проблеми и премрежја со актот број 8666 од 4 октомври 1937 година, одн. сл. бр. 6697/37, правниот назив на оваа новооснована спортска организација бил: Спорт Клуб „Раднички“.

Многу титули во Југославија и Македонија

Работнички има трофејна историја. Првиот значаен трофеј го освоил во сезоната 1951/1952 кога станал неофицијален шампион на Македонија во тогашната Републичка лига. Истата ја освоил вкупно 11 пати и тоа уште и во сезоните 1952/53, 1953/54, 1954/55, 1956/57, 1957/78, 1965/66, 1967/68, 1972/73, 1976/77 и 1979/80. Еднаш триумфирал во Републичкиот куп во сезоната 1987/88.

По независноста на Македонија клубот почнал од Втората лига каде играл до сезоната 1997/98 кога ја освоил Втората лига Запад и изборил пласман во елитата, од кога без прекин до денес е прволигаш. Има 4 титули шампион на Македонија (2004/05, 2005/06, 2007/08 и 2013/14), а има и исто толку титули во Купот на Македонија (2007/08, 2008/09, 2013/14 и 2014/15).

Среќен роденден Работнички!

„85 години истрајност, желба, посветеност. Херојот од Дебар Маало се роди на денешен ден, 4 октомври, во далечната 1937 година. Во витрините стојат трофеи, сведочат за шампионските денови на ФК Работнички, највозрасните се сеќаваат на почетоците, на пролетта 1937 година кога во кафеаните во Дебар Маало се родила идејата за формирање на организиран фудбалски клуб. Традицијата се негува, историјата обврзува, а сегашните генерации се горди на минатото. Но, ја имаат честа и обврската да продолжат по патот на успехот. ФК Работнички да остане синонимот на Дебар Маало, гордоста на Скопје, клуб за респект во Македонија и во европски рамки. Среќен роденден, Хероју од Дебар Маало!“, објави клубот на својта официјална веб-страница, што го правци ерден од ретките фудбалски клубови во државава кој имаат активен веб-сајт.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе