Работник во фабрика во струшкото село Враништа починал од струен удар вчера претпладне, соопшти МВР.
Во текот на вчерашниот ден, во 10:00 часот било пријавено дека во двор од фабрика во село Враништа, струшко, во близина на електричeн ормар, е пронајден починат вработениот Д.Р.(59) од с.Враништа, најверојатно од струен удар.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, Трудов инспектор, вештак по електротехника и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.