КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Радост до бесвест и неверување: Како Сан Марино ѝ даде гол на Данска?

Филип Здравески
/ 18.10.2023 / 14:27

Иако на крајот загубија, играчите и навивачите на Сан Марино синоќа дома си заминаа пресреќни. Причина? Не само што не доживеаја дебакл од силната Данска, туку ѝ дадоа гол за израмнување и загубија со минимални 2:1.

Пред некој ден пишувавме токму за навивачката група кој го носи името Никогаш радост оти нивната репрезентација никогаш не победила. Синоќа се израдуваа, иако не на победа, туку на гол кој е рамен на победа - постигнат против репрезентацијата на Данска, и тоа за израмнување на 1:1.

Тор постои, навистина постои!

„Побаравме од богот Тор да ни подари барем еден гол. Ни одговори - Да. Се надеваме дека разбра што побаравме“. Ова е пораката што навивачите на Brigata Mai 1 Gioia ја објавија синоќа на час и половина пред почетокот на натпреварот.

На преполниот стадион „Сан Марино“ во гратчето Серавале (велиме преполн бидејќи според УЕФА сите 6.664 места со карти во продажба биле пополнети), каде една трибина добија данските навивачи, а друга локалните Санмаринци, Сан Марино загуби со 1:2 од Данска во квалификациите за ЕУРО 2024.

Данците очекувано доминираа од самиот почеток, но не успеаваа да го скршат бедемот пред голот на голманот Елиа Бенедетини, поранешен голман на Новара во италијанската Серија Би и кој до синоќа имаше примено 150 гола бранејќи за репрезентацијата на Сан Марино, со само два натпревара без примен гол, двата 0:0 (со Гибралтар во 2020 и со Сејшели во 2022). Данците шутираа непрецизно во првиот дел, сѐ до 42. минута кога младиот Расмус Хејлунд, новиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, го најде патот до санмаринската мрежа. Тоа беше прв удар во рамките на голот за Данска.

На пауза се замина со „одлични“ 0:1, одлични за Сан Марино бидејќи за овие момци секој пристоен пораз значи дека одиграле одличен натпревар.

Антологиски гол

Во вториот дел, во тек беше 61. минута кога Сан Марино изведе корнер, и тоа трет на натпреварот. Нафрли левиот бек Алесандро Този, Хејлунд на прва статива расчисти со глава, но на одбиената топка налета Алесандро Голинучи и со кунг-фу удар а ла Ибрахимовиќ ја затресе мрежата на Каспер Шмајхел.

Неверување на трибините - не само кај данските навивачи, туку и кај домашните. Леле луѓе, што направивме - беше работата. Ѝ дадоа гол на една Данска. Стрелецот - 29-годишен играч од средниот ред на санмаринскиот прволигаш Виртус. Негов прв гол во репрезентацијата во 45 натпревари.

Remote video URL

Трибината со домашните навивачи почнува да се буди од неверица. Официјалниот спикер го кажува името на стрелецот, а публиката громогласно, помалку и неискусно, го извикува неговото презиме. Ова не е нешто што често се случува кога игра Сан Марино. Последен пат Сан Марино постигна гол пред својата публика на 25 март 2022 година во 1:2 поразот од Литванија во пријателска. На пример, по локдаунот поради пандемијата, Сан Марино одигра 36 натпревари и ова му беше само гол број 5.

„Извинете за пролонгирањето: баравме GIF во 'можеби' фолдерот“, вака Фудбалската федерација на Сан Марино објави на Facebook за израмнувачкиот гол.

Полуде и X профилот на навивачката група на Сан Марино. Админот буквално не знаеше што да напише. Дури и стрелецот Голинучи го нарече ГОАТ.

URL

Некои ќе речат дека радоста на Санмаринците траела кратко, бидејќи по само 9 минути Јусуф Поулсен го врати водството на Данска. Но, тоа се покажа како конечен резултат.

И не, радоста на Санмаринците не заврши, таа уште трае, и ќе трае. Да им понудеше некој пред натпреварот минимален пораз и постигнат гол против една Данска, со две раце и две нозе ќе потпишеа. За овој гол ќе се зборува уште долго во Сан Марино, а поради начинот на кој беше постигнат, ќе се пренесува од генерација на генерација.

Денеска, симпатичната навивачка група порача: „Животот треба да се живее како секогаш да е 61. минута“.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе