Раите не биле неми: За прв пат снимен нивен звук

Китовите пејат, делфините свиркаат, ракчињата испуштаат звуци на крцкање, а раите? До неодамна, научниците мислеа дека овие суштества се неми.

Најновата студија ја прекина таа тишина, или барем незнаење. Видеата откриваат дека најмалку два вида раи - Urogymnus granulatus и Pastinachus ater - од Индо-пацификот произведуваат карактеристични и впечатливи звуци.

Морскиот биолог и водач на студијата, Лахлан Фетерплејс, вели дека нивното кликнување за време на снимањето во еден момент станало толку бучно што фотографот ја испуштил камерата. Откритието веројатно немаше да биде толкаво изненадување за научниците и нуркачите доколку не поминуваа толку време со овие животни во водата, мислејќи дека не испуштаат никакви звуци.

Како рајата испушта звук?

Пред да бидат објавени резултатите од најновата студија, единственото спомнување на овие „кликови“ можеше да се најде меѓу податоците од студијата спроведена во 1970 година, кога научниците го испитуваа однесувањето на кравјите раи во заробеништво. Во таа прилика откриле дека испуштаат остри и кратки кликови, но откако ќе ги стимулираат. Сепак, иако сега имаме непобитен доказ дека раите испуштаат звуци во дивината, никому не му е јасно на кој начин.

„Тие немаат гласни жици и нема јасен механизам да укаже како го прават тоа“, објаснува Федерплејс. Меѓутоа, истражувачкиот тим забележал во видеото дека при испуштањето звуци, дупките на нејзината глава се намалуваат - што сугерира дека рибата создава некаков вид на триење помеѓу дишните патишта и околното ткиво. Исто така, можно е тие да создадат вакуум - како кога луѓето чукаат со јазикот. Што и да се случува, најверојатно ќе биде откриено наскоро, бидејќи научниците веќе планираат студии за подетално да ја испитаат анатомијата на овие морски суштества.

Remote video URL
Што се обидуваат да кажат?

За целите на студијата, Фетерплејс и неговиот тим го анализирале опсегот на слух на раите. Утврдиле дека можат да ги слушнат звуците што ги испуштаат, што може да сугерира дека тоа можеби е некаква форма на комуникација меѓу нив. Паралелно со овие анализи, тие истражувале и дали коралните и лимон ајкулите - на чие мени се наоѓаат раите - исто така ги слушаат овие кликови. Одговорот е да. Сето ова укажува дека тие имаат специфична цел и служат како форма на предупредување за предаторите кои што се приближуваат.

Сепак, постои уште една можност.

Додека истражувал во заливот Џефри, Австралија, фотографот и коавтор на студијата, Хавиер Делгадо Естебан, забележал како тие најверојатно ги користат овие звуци за да повикаат засилување. Во една прилика додека нуркал со нив, слушнал како кликнува млада раја, по што ѝ се придружиле уште неколку.

Екологистката Одри Луби од Универзитетот во Флорида објаснува зошто до сега не биле снимени карактеристичните звуци. Таа смета дека веројатно има неколку причини за тоа, вклучувајќи ја и можноста за ослободување во одредено време од годината или време, и дека е веројатно тоа да го прават само одредени видови.

„Тие се многу тешки за изучување бидејќи се многу мобилни и речиси нескротливи“, додава таа.

Истражувањето е објавено во списанието Ecology.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Вести

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе