Рајан Рејнолдс како Нил Армстронг во ексклузивното видео за „First Man“
Најмладиот режисер добитник на Оскар, Дамиен Шазел, наредниот месец ќе го промовира неговиот нов филм „First Man“, во кој актерот Рајан Гослинг се појавува во улогата на Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на Месечината.
Перформансот на Гослинг предизвика многу пофалби и позитивни реакции кај критичарите кои добија шанса да го гледаат филмот пред сите останати, а голем дел од филмските медиуми веќе го сместуваат актерот помеѓу главните кандидати за Оскарот за Најдобра машка главна улога за оваа година.
Во овој краток тизер Нил Армстронг (Рајан Гослинг) го објаснува неговото патување на Месечината пред скептичната публика, а видеото е придружено и со коментар од оригиналните членови на екипажот на Аполо 11.