Рајола: Направив една голема грешка во кариерата на Ибрахимовиќ

Мино Рајола (53) се грижи за кариерите на Златан Ибрахимовиќ, Ерлинг Халанд, Матијс де Лихт, Пол Погба и Џанлуиџи Донарума, а синоќа беше прогласен за најдобар фудбалски менаџер во Италија.

Италијанците беа најмногу заинтересирани за деталите околу 39-годишниот неуништлив Ибра. Швеѓанецот е главниот играч на Милан, кој во моментов го држи првото место во Серија А.

„Едно не можам да си простам. Направив голема грешка во неговата кариера“, рече Рајола, објаснувајќи:

„Најмногу жалам што го однесов во американски МЛС. Па, тоа беше губење време за него. Жал ми е што не ги помина овие две години во Европа, бидејќи се покажа како неверојатен играч.“

Златан играше за ЛА Галакси во МЛС од 2018 до 2020 година и постигна 52 гола на 56 натпревари. Си играше со противниците и постигна неверојатни голови. Во јануари 2020 година се врати во Милано на иницијатива на Паоло Малдини и Звонимир Бобан. Така, по заминувањето од Манчестер Јунајтед повторно заигра во Европа.

Рајола верува дека Златан може да игра уште пет сезони и во иднина го гледа како прв човек на УЕФА.

„Видов многу играчи кои беа уморни на оваа возраст на која е сега Златан. Тогаш навистина ми е жал што ја продолжуваат кариерата наместо да се пензионираат. Но, не го видов тој умор кај Златан. Во иднина, Златан ќе игра многу важна улога. Можеби како претседател на УЕФА, за да може конечно да промени некои работи во фудбалот.“

Ибра беше прогласен за легенда на годината во Италија, по што се огласи на Instagram. Тој не се пофали себеси, како што обично прави, туку објавата му ја посвети на Рајола.

„Татко, брат, пријател, агент. Мино Рајола е најдобриот од најдобрите и отсекогаш бил најдобар.“

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Фудбал

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more
 

Спорт

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе