„Ralph Breaks the Internet“: По шест години пристигнува второто продолжение на анимираната авантура
Шест години откако Ралф, негативец од видеоигра, одлучи да го брка неговиот сон и да стане херој во анимираниот „Wreck-It Ralph“, се појавува во новото продолжение насловено „Ralph Breaks the Internet“.
Во новата авантура Ралф и Венелопи наоѓаат безжичен рутер кој ги води во непознатиот и возбудлив свет на интернетот, далеку од светот на видеоигрите. Тие запознаваат непрегледни метрополи преполни со веб-страници, но прашањето е како ќе се снајдат во овој нов свет?
„Ralph Breaks the Internet“ пристигнува во киносалите на 21 ноември.