Рама: Срамно е што една членка на НАТО киднапира две земји сојузнички

Срамно е што една земја-членка на НАТО – Бугарија, киднапира две други земји-членки на НАТО – Албанија и Северна Македонија во време на жестока војна во дворот на Европа, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама пред почетокот на Самитот ЕУ - Западен Балкан.

Тој истакна дека Албанија не се чувствува како жртва на овој процес, бидејќи како што нагласи, секогаш ќе има по некоја Бугарија „овде или онде“ што може да блокира.

– Во исто време ние не го менуваме нашиот курс. Она што треба да го правиме е да продолжиме да ја градиме Европа дома, изјави Рама, додавајќи дека можеби ова е нов ден за Европа, но не и за Бугарија.

Тој нагласи дека во сегашната ситуација иницијативата Отворен Балкан е вистинското решение за регионалната соработка и дека таа останува отворена за сите што сакаат да се приклучат кон неа.

– Ние ќе продолжиме на европскиот пат затоа што нема друга алтернатива, но европскиот дух мораме да го градиме во нашиот регион, истакна Рама, додавајќи дека независно од тоа што ќе се случи денеска, Албанија ќе продолжи да ја одработува својата задача и да ги спроведува реформите, не затоа што тоа го бараа Брисел, туку затоа што тоа го бараат албанските деца.

Во однос на доделувањето на кандидатскиот статус на Украина, Рама рече дека Северна Македонија веќе 17 години е земја кандидат за членство, Албанија е 8, потенцирајќи дека добивањето кандидатски статус е добра работа, но им порача на украинските граѓани да немаат многу илузии.

реклама

Регион

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе