Двата најпознати акциони јунаци од крајот на минатиот милениум ја делат страста кон скапите автомобили, а вредноста на нивните возни паркови се мери во милиони.
Силвестер Сталоне и Арнолд Шварценегр имаат зад себе импресивна збирка на акциони блокбастери, а уште поимпресивно е нивното богатство што го заработија со пукање од оружје од сите калибри, борби со голи раце и легендарните „скржави“ реплики како „I’ll be back“ (Terminator).
И двајцата се држат во одлична форма и во седмата деценија од животот, а енергичноста ја одржуваат посветувајќи се на нивното заедничко хоби – собирање автомобили.
Поранешниот Терминатор го задржа имиџот и во поглед на автомобилите, па во неговата збирка има место за неколку Hummer возила, Unimog на Mercedes, како и военото возило Oshkosh M-ATV. Од рафинираните спортски „ѕверки“ ги има Bugatti Veyron, и тоа најпрестижната изведба, како и секогаш посебниот Bentley. Roadster на Mercedes со потпис на AMG е уште еден бисер во колекцијата, како и Porsche 911.
Изборот на Сталоне е многу порафиниран. Тој од групата „вистински автомобили за мажи“ ги има возилата од G класа, а од спортските ги има Ferrari и Aston Martin. И да, и Рамбо има свој Bugatti Veyron.