Рамос заплака пред 23.000 навивачи на Севиља, тие му простија

Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос доби спектакуларен пречек по враќањето во Севиља по 18 години. Тој одби значително побогати понуди од Саудиска Арабија и Турција, ги стави емоциите на прво место и како што вели - си го исполнил сонот.

Рамос својот исклучително успешен професионален пат во спортот го започна пред 18 години, а во средата вечерта беше претставен на стадионот „Рамон Санчес-Писхуан“ како ново-стар играч на овој андалузиски клуб.

Поранешниот капитен на Шпанија откако зачекори на теренот на исполнетиот стадион не можеше да ги сокрие солзите, а локалните медиуми јавуваат дека на стадионот имало повеќе од 23.000 навивачи.

Видеата и фотографиите што следуваат најдобро покажуваат како сето тоа изгледаше синоќа.

URL

„Ова е незаборавен ден за мене, го исполнив мојот сон, се враќам дома после 18 години. Сакам да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на претседателот, спортскиот директор, потпретседателот, на сите вас навивачите, за можност да се вратам дома... Сите ми овозможивте да го повторам ова, ме водат емоциите, и верувам во нашиот проект. Го затворив кругот во Париз и започнувам нов во Севиља“, рече Рамос.

URL

Најжестоките навивачи на Севиља, односно ултрасите на овој клуб порачаа дека нема да преземаат никакви дејствија како навреди или удари кон играчите, но меѓу редови може да се прочита дека не заборавиле на маката што ја почувствувале поради Рамос во минатото.

URL

„Ние не сме водени од омраза или незадоволство, туку од љубов и гордост кон нашиот клуб, неговата историја и неговите навивачи. Веруваме дека самиот предлог за овој трансфер веќе подразбира недостаток на почит кон вредностите што нѐ направија големи, за симболите и легендите кои го бранеа нашиот клуб и според илјадниците навивачи на Севиља кои страдаа под потсмевот на овој играч во минатото“, изјавија навивачите на Севиља и додадоа:

„Нема да преземаме никакви дејствија како што се удирање или навреда на играчи за време на натпреварите. Сепак, не можеме и не треба да покажеме поддршка за акции кои се против принципите и достоинството на Севиља“.

Рамос за прв пат играше фудбал во Севиља на 7-годишна возраст, а откако ги мина сите помлади возрасни групи, дебитираше за првиот тим во 2004 година.

За Севиља одигра 49 официјални натпревари и постигна 3 гола. Реал го купи следната година за 27 милиони евра и наредните 16 години ги помина во Мадрид.

URL

Како еден од најдобрите стопери во историјата на фудбалот, со Реал освои 23 трофеи, а од 2021 до 2023 година беше член на ПСЖ со кој освои уште 3. За шпанската репрезентација има 180 настапи и 23 гола, како и две европски и една светска шампионска титула.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе