Разбојништво во маркет во Скопје: Крадец ѝ извадил нож на касиерката

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишник за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Разбојништво.

На 4 септември, осомничениот влегол во маркет на булеварот „АСНОМ“ и веднаш се упатил во просторот кај касата и ја отворил. Сопственичката на продавницата, која работела и како продавачка, му се спротивставила, но тој извадил нож со кој ѝ се заканил, ја оттурнал и од касата одзел 16.300 денари, колку што имало во тој момент.

Оштетената во меѓувреме излегла од продавницата и ја затворила вратата, обидувајќи се да го задржи во продавницата, но тој со сила ја турнал вратата, успеал да ја отвори и избегал од местото.

Бидејќи се исполнети законските услови, односно постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Хроника

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Read more

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе