„Ready Player One“ доби искрен трејлер
Последниот филм на Стивен Спилберг беше добро прифатен од публиката и ги натера луѓето да купуваат карти и да го погледнат во кино. Но, ниту еден филм не е безбеден од острото критичко око на екипата од YouTube каналот Screen Junkies, па така и „Ready Player One“ доби искрен трејлер.
Иако филмот заработи 582 милиони на светскиот боксофис, сепак не ги оправда очекувањата според кои заработката требаше да оди и над една милијарда долари. Според критичарите, „Ready Player One“ не може да се смета како еден од подобрите филмови на Стивен Спилберг, па публиката веројатно го препозна истото кога отиде да го погледне овој филм во кино.