Реагирајте навреме: Вид на рак чии симптоми се видливи дури во доцна фаза

Ракот на мочниот меур е вид на рак кој се развива кога клетките во мочниот меур почнуваат да растат неконтролирано, што доведува до формирање на тумор.

Симптомите обично варираат од личност до личност, но често вклучуваат проблеми со мокрењето.

Повеќето случаи на рак на мочниот меур започнуваат во внатрешната обвивка на мочниот меур, наречена уротелиум. Ракот напредува така што расте низ подлабоките слоеви на ѕидот на мочниот меур. Со текот на времето, може да расте надвор од мочниот меур и да се прошири на блиските лимфни јазли или други делови од телото.

Крвта во урината, исто така наречена хематурија, е чест симптом на рак на мочниот меур. Други симптоми вклучуваат често мокрење, болка за време на мокрењето и болка во карлицата. Симптомите обично доаѓаат и си одат и често не се сериозни.

Урината може да ја промени бојата во розова, црвена како `рѓа или темноцрвена. Крвта не е секогаш присутна, а понекогаш е потешко да се види. Во некои случаи, се вклучени многу мали количини на крв, па затоа е неопходна анализа на урината за да се открие. Крвта во урината, или хематуријата, често не предизвикува болка во раните фази на ракот на мочниот меур. Сепак, најчестите причини за хематурија се всушност инфекции на уринарниот тракт, сексуална активност, камења во уринарниот тракт, инфекции на мочниот меур и бубрезите.

Абнормално мокрење - Ракот на мочниот меур често предизвикува неколку промени во мокрењето, вклучувајќи:

  • често мокрење
  • печење или болка за време на мокрењето
  • проблеми со мокрење; слаб проток на урина
  • неконтролирано мокрење
  • чувство дека треба да уринирате, иако мочниот меур не ви е полн

Болка

Болката на едната страна од средниот дел на грбот, во карличната област над срамната коска и во перинеумот (областа помеѓу гениталиите и анусот) може да укажуваат на рак на мочниот меур. Болката може да се појави поради делумно или целосно блокирање на цевката што ја носи урината од бубрегот до мочниот меур.

Симптоми во напредна фаза:

  • Неможност за мокрење - Блокирање на цевката што ја носи урината од бубрегот до мочниот меур
  • Умор - Повеќето луѓе доживуваат значителен умор. Уморот најчесто е под влијание на стресот, промените во нивото на хормоните или недостатокот на физичка активност предизвикана од болест.
  • Отекување на стапалата - Се јавува поради неправилно одводнување на лимфната течност
  • Болка или осетливост во коските - Во многу случаи, ракот се шири на блиските коски
  • Губење на телесна тежина и апетит

Овие симптоми може да бидат индикација за други болести, но многу од овие потенцијални причини бараат и медицински третман. Ако имате проблем со мокрењето, консултирајте се со вашиот лекар за правилна дијагноза.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Здравје

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Read more

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more
 

Магазин

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Читај повеќе

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Читај повеќе

8 совети за родителство што злато вредат

Читај повеќе

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Читај повеќе

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Две најголеми грешки што ги правиме кога готвиме тиквички

Читај повеќе