Рецепт кој воодушевува со својата едноставност: Пробајте тирамису во чаша

Тирамису е еден од најпознатите колачи кои не бараат печење. Името на овој познат италијански десерт доаѓа од изразот tirami su, што буквално се преведува како „собери ме“ или „развесели ме“.

Постојат неколку верзии на овој десерт, а оваа е една од наједноставните.

Потребни состојки:

  • 3 жолчки
  • 3 белки
  • 5 лажици шеќер
  • 250 гр маскарпоне
  • 1 лажица рум
  • малку сол
  • 250 гр пишкоти
  • 150 мл црно кафе
  • 2 лажици какао во прав

Подготовка:

Прво, сварете кафе и оставете го да се излади. Потоа, со миксер изматете ги жолчките со шеќерот, па додадете една лажица рум и маскарпонето. Потребно е да се мати додека не се добие изедначена смеса.

Кога ќе добиете изедначена и мазна смеса, почнете да ги подготвувате белките. Потребно е да се изматат со малку сол во цврст снег. После тоа, смесата од белки треба постепено да се додава во смесата со жолчки.

Сега доаѓа на ред подготовката на пандишпанот. Потопете ги пишкотите во изладеното кафе и наредете ги во чаши или садови, по желба. Прво ставете слој од пандишпан, а потоа слој крем. Повторете го процесот уште еднаш. Важно е последниот слој да биде крем. На крај, тирамисуто посипете го со какао во прав.

реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Лазањи од шпагети

Read more

Традиционален деликатес во ново руво: Сутлијач со додаток бело чоколадо

Read more

Рецепт на денот: Ловечки шницли со сенф и црно вино

Read more

Најдобриот рецепт за лесна подготовка на вкусна пастрмка

Read more
 

Магазин

Кое време од денот е најдобро за секс?

Читај повеќе
  • play_arrow

Канаѓанец го собори светскиот рекорд за брзо јадење лути пиперчиња

Читај повеќе

Зошто треба да ја миеме бананата пред да ја излупиме?

Читај повеќе

Лекари објаснија што се случува во телото кога ќе се откажеме од кафе

Читај повеќе
  • filter

Ретро-футуризам: Илон Маск гради мегабензинска станица со кино и ресторани каде ќе работат роботи

Читај повеќе

Заеднички живот: Дали сте подготвени да се преселите под ист покрив?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Читај повеќе
  • filter

Скопски моден фестивал и Моден викенд Скопје го размрдаа модерно Скопје

Читај повеќе

Особини по кои ќе ги препознаете емоционално незрелите родители

Читај повеќе